Monday, September 11, 2017

Соопштение до стручната и научната јавност

Почитувани колешки и колеги, драги пријатели
Сакам да ве информирам дека се повлекувам од позицијата главен и одговорен уредник на списанието Дефектолошка теорија и практика или во светот уште попознато како Journal of Special Education and Rehabilitation. Причините се поливалентни и не би ги образложувал тука. Подолго време размислував да го сторам ова, но големата љубов кон издавачката дејност ме спречуваше во тоа. Мислам дека 9 години главен уредник и 4 години пред тоа како заменик уредник во ваква нестимулативна средина полна со интриги, опструкции и лицемерие се повеќе од сизифовска работа. Имаше многу убави денови, посебно моментот кога ќе излезе нов број од печат. По раѓањето на моите три ќерки, излегувањето на книга/списание од печат е неверојатно чувство посебно ќе ме разберат оние лица кои работат во изадаваштвото. Сепак, ве информирам дека најпрофесионално ќе го завршам овој број 3-4, вол.18 за 2017 година и до неговото излегување од печат ќе останам на оваа позиција. Потоа на тој/таа што ќе ме наследи му посакувам многу работа и нерви за да го унапреди квалитетот на списанието. Затоа, извинете ме ако уште некое време се потпишувам како главен и одговорен уредник.
Им благодарам на сите оние кои беа мои соработници во издавачката канцеларија и редакцискиот одбор во сите овие години. од практични причини не би ги наведувал нивните имиња.
Жалам ако некого разочарав со оваа моја постапка :)
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER (уште малку)

No comments:

Post a Comment