Sunday, April 26, 2020

2 години списание ЈРТДД

Почитувани читатели,
Денес, 26 април 2020 година се навршуваат точно две години од како бев назначен за глаевн и одговорен уредник на списанието Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities. Издавач на списанието е ReAttach Therapy International Foundation од Холандија, а од поново време се вклучи и Македонското начно здружение за аутизам. Морам да признаам дека ова беше одлична валидација на моите претходни 15 годишни напори како главен и одговорен уредник на списанието Дефектолошка теорија и практика во која несебично го вложував својот труд и знаење во неговиот растеж. За овој втор роденден подготвивме интересна Прези презентација за што и благодарам на техничката секретарка Андреа Ивановска за техничката изведба на истата. Благодарност секако заслужува и веб администраторот Ѓорѓи Поп Ѓорѓиев со кого деноноќно работиме на подобрување на функционалноста на веб страницата, ажурирање на нови информации, итн. На крај бескрајна благодарност заслужуваат издвачите Паула и Фредерик Веркамп Бартоломеус кои несебично вложуваат сопствени финансиски средства во развој на ова ново електронско списание. 
Ние продолжуваме натаму со многу жар, љубов и посветеност да го градиме ова интернационално списание. Идејата е да биде што повеќе читано, цитирано и да привлечеме атрактивни автори од целиот свет. Доколку сте заинтересирани да ги видите нашите двогодишни успеси, ве молам кликнете на погорниот линк Прези презентација.
Нека ни е честит вториот роденден!

Главен и одговорен уредник на ЈРТДД

No comments:

Post a Comment